,,Северна Македонија вечна“ не е исто што и ,,Македонија вечна“

Името на старата туристичка  кампања од 2009 и 2010 година со која Владата на Никола Груевски ја промовираше земјата како туристичка дестинација на програмата на Си-Ен-Ен, „Македонија вечна“ е променета во „Северна Македонија вечна“ !

Актуелната влада само ја продолжи оваа кампања со туристички пропагандни спотови, но сега промовирајќи ги убавините на Република Северна Македонија.

Грчкиот весник Прототема кој го сврте вниманието на оваа тема, објави дека Македонија го корегирала името на кампањата и ја вметнала географската одредница во согласност со Преспанскиот договор.

„Туристичките власти на балканската држава инвестираа во детална и скапа промотивна кампања во која се обидоа да ја претстават античката македонска историја како своја, пропуштајќи да ја вклучат географската одредница во главниот слоган ,,Македонија вечна“-пишува Прототема.