Седел со своите убијци на кафе, продолжува војната меѓу црногорските мафијашки кланови

Вчера во кругот на затворен комплекс приватни апартмани со кои стопанисува едно криминално црногорско семејство, пронајден е со прострелни рани 31 годишниот Стефан Шаровиќ.

Црногорските медиуми пренесуваат дека само два часа пред неговото убиство, тој седел со своите двајца убијци на кафе во едно кафуле во Херцег Нови.

Полицијата истражува кој е мотивот за една таква ликвидација.

Шаровиќ работел за озлоголасеното мафијашко семејство , а бил близок и со озлогласено криминално семесјтво Рогановиќ, кое покрај тоа што се занимава со нелегални бизниси, има некретнини низ цела Црна Гора.

Шаровиќ обезбедувал една од нив, каде што е застрелан. Тој бил близок и со т.н. кавачки клан.

Во Црна Гора изминатите две-три години се води војна меѓу мафијашките кланови и не поминува ниту една седмица некој да не е ликвидиран.

Главно мафијашките пресметки се водат меѓу два клана- кавачки и шакљарски , кои ги контролираат нелегалните бизниси, трговија со дрога и голем дел од легалните во Црна Гора.

Организираниот криминал е навлезен во порите на институциите, па полицијата само ги истражува бројнте меѓусебни убиства, но не ги разбива мафијашките кланови.