Секојдневие во н.Аеродром, ѓубре, неискосена трева, прашина и неодговорност на нејзини жители и на локалната самоуправа

Оваа фотографија е секојдневие во Општина Аеродром. Преполни корпи за ситен отпадок кои сега поради полицискиот час не можат да ги соберат остатоците од храна и пијалоци.

Шишиња од пиво, хартии од сендвичи, грицки и други производи кои се консумираат на клупите по парковите.

Покрај несовесните жители кои ги окупираат клупите и често сѐ што јаделе и пиеле оставаат на нив, работата ја дозавршуваат птиците.

Меѓутоа, голем проблем за Општина Аеродром е неснаоѓањето на локалната самоуправа да ги заврши секојдневните обврски околу тревниците и воопшто чистотата во целата населба.

Па сме сведоци на секојдневно бесконечно брчење на косилките. Нерасчистени тревници од искосена веќе исушена трева која потоа ја уништува новоникнатата.

Големи површина неискосена трева која достигнува повеќе од два метра.

Неизметени плочници, прашина, да не зборуваме за миење.

Уништени тревници, комунлна опрема како што е случајот со Паркот на езерата, кој е целосно запуштен и руинирн.

Сѐ на сѐ, една хаотична ситуација која се провлекува во текот на целата година и во зависност од временските прилики или има многу лисја или многу трева. Ѓубрето е константа.

Ако.мк