Секс скандал во возило на ОН во Израел(видео)

Обединетите Нации соопштија дека се ,,шокирани и длабоко вознемирени“ од видеото објавено на интернет, на кое се гледа сексуален чин на задното седиште на возило на ОН кое се движи низ една од најпрометните улици во Тел Авив, пишува Би-Би-Си.

Во џипот се наоѓаат уште неколку луѓе, но на двајцата на задното седиште очигледно не им пречи нивното присуство.

Видеото со замаглени актери во сексуалниот чин го објавија бројни светски локални и глобални медиуми.

Канцеларијата на ОН во Израел соопшти дека е отворена истрага за овој секс скандал и дека многу бргу ќе ги откријат учесниците, бидејќи точно се знае кој ги користи возилата на ОН.

Портапаролот на Генералниот секретар на ОН, објавувањето на видеото и самиот секс скандал во возило на организацијата ги опиша како ,,ужасни“.

Се верува дека се работи за вработени во мисијата на ОН во Израел.

Таквото однесување е спротивна на сѐ за што се залагаме и против тоа всушност се бориме, -рече портпаролот Стефан Дижарик за Би-Би-Си.

На вработените што ја злоупотребиле својата службена положба им следува отказ, но и трајна забрана за вработување во службите на ОН.

Израел треба да одлучи дали како држава ќе покрене и правни дејства.