Секс скандал: Осум фудбалери на Мексико се забавувале со 30 проститутки

 Секс скандал ја тресе фудбалската репрезентација на Мексико во пресрет на Мундијалот во Русија, откако тамошните медиуми открија дека осум репрезентативци се забавувале со 30 проституки за време на слободниот ден кој им го доделил селекторот Хуан Карлос Осорио.

Мексиканските репрезентативци Гиљермо Очоа, Џонатан и Џовани Дос Сантос, Марко Фабијан, Карлос Салседо, Хектор Ерера, Раул Хименез и Хесус Гаљардо, наместо слободнио дена да го искористат за одмор и да го поминат со најблиските, се решиле да лумпуваат и да се забавуваат со 30 проститутки. Сите се наоѓаат на списокот на патници за Светското првенство, а во моментов се наоѓаат во Данска, каде што ќе играат пријателски натпревар против Русија на деветти јуни. Засега фудбалската федерација на Максико не најави казни за репрезентативците.

Мексико на СП во Русија се во групата Ф заедно со селекциите на Германија, Шведска и Јужна Кореја.