Селмани побара од министерот Поповски да ги врзат кучињата од Владата

На протестот на новинарите пред Влада на РМ, во организација на ЗНМ и ССНМ, Насер Селмани побара од министерот без ресор, задолжен за комуникација и транспарентност, Роберт Поповски, да ги врзат кучињата како Беќир Асани, бидејќи -,,тие се ваши кучиња“-рече Селмани.

Тој порача дека не е доволно да даваат само соопштениеја со осуда за вербалните закани и притисоци што ги упатува овој висок фунционер на ДУИ кон него и членови на неговото семејство, туку институционално да го санкционираат. Поповски ги пречека пред влада демонстрантите, ги сослуша нивните барања, а потоа и самиот се обрати со мегафон.