Селмани: Се сомневам дека зад нападите стои лично Никола Груевски

Најодговорно тврдам или, се сомневам дека зад нападите на новинарската екипа на А1 он стои лично Никола Груевски-рече претседателот нан ЗНМ Насер Селмани по средбата со министерот за внатрешни работи на која го потсетил дека не се преземни мерки за заштита на новинари и расветлување на нападите врз нив.

Своите сомнежи Селмани ги темели на досегашното практицирање на власт од Груевски, кој како што рече, ја затвори најгледаната телевизија, уапси неколку новинари, отворено дискредитираат и оцрнуваат новинари кои не им се по ќеиф.

Ако тоа не е доволна причина за сомнеж, тогаш не знам што треба да се случи-рече Насер Селмани.

,,Насер Селмани лаже и манипулира поврзувајќи го ВМРО-ДПМНЕ со нападот на новинарите“-реагираат од оваа партија.

,,Срамно и недостојно за некој што би требало да го брани и застапува независното новинарство.

Насер Селмани молчеше и се криеше додека брутално се напаѓаа новинари, а дивите орди на СДСМ/СОРОС демолираа цели медиуми како радиото на Слободна Македонија.

Насер Селмани исто како и Оливер Спасовски, цела година глумеа лудило без МВР да мрдне со мал прст и да се обиде да ги заштити новинарите на Курир, Сител, МТВ и сите оние кои не пишуваат по нарачка на СДСМ/СОРОС.

Изјавата на Селмани е идентична со онаа што беше испратена од штабот на Бихаќка. Почесно ќе беше да се потрудеше да се избори за свое место во пратеничките редови на СДСМ, доколку има капацитет за тоа.

ЗНМ и Насер Селмани наместо здружение за заштита на новинари, прерасна во здружение за заштита на СДСМ/СОРОС.“-стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.