Селма од познатиот хит на југословенската група  „Бијело дугме“, постои и таа живее во Загреб .

Деновиве некогашниот пејач на групата , Жељко Бебек, ја посетил и заедничката фотографија ја поставил на Инстаграм.

Селма има  89 година, но и понатаму многу јасно се сеќава на Владо Дијак, кој во 1949 година ја напишал оваа песна за неа, бидејќи многу му се допаднала како изгледала.

Во интервју пред неколку години за ХРТ, таа призна дека Дијак никогаш не и изјавил љубов, но добро го памети моментот кога ја слушнала песната на ,,Бијело дугме“ со наслов Селма и точно се сетила како тој и го носел куферот на железничката станица во Сараево до возот.

 Денес е многу осамена. Неодамна за порталот од Бања Лика ,,Носталгија“ изјавила дека многу сака да ја посетат, бидејќи сите што нешто и значеле во животот умреле, а таа се чувствува осамено.