Семеен кабинет на Трамп во Белата куќа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп има намера својот кабинет во Белата куќа да го исполни со членови од најтесното семејно опкружување и начинот на раководење со неговиот бизнис да го пренесе и во Белата куќа. Голем број аналитичари и политичари, но и американската јавност гледаат со загриженост на ова, но Трамп им одговори на сите со две реченици на Твитер дека промената на власта во администрацијата во Белата куќе оди како подмачкана.

Најновите обвиненија дека Доналд Трамп ја турка земјата во хаос пристигнаа откако стана јасно дека моќен играч во Трамповата администрација ќе биде неговиот зет Џерад КУшнер, сопруг на ќерката на Трамп Иванка, која и самата беше дел од неговата претседателска кампања.

Кушнер беше влијателен и во кампањата, а сега американските медиуми нагаѓаат дека токму тој ќе го избрише од понатамошно влијание републиканскиот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи,кој со месеци ја гради новата администрација, но кој пред десетина години кога беше обвинител го стави зад решетки таткото на зетот на Трамп, пишува американскиот портал Политико.

35 годишниот Џерад Кушнер веќе ги презема, неформално, должностите и кога Трамп разговараше со Обама , тој се сретна со шефот на обезбедување на Белата куќа.

Кушнер е милионер и исто како Трамп се занимава со продажба на некретнини, а во негова сопственост е еден облакодер во Њујорк кој се наоѓа во непосредна близина на кулата Трамп.

Заедно со трите возрасни деца од претходните бракови на Доналд Трамп ја има клучната улога во составување на идната американска администрација во Белата куќа.

Кушнер е ортодоксен евреин од полско потекло, а неговите баба и дедо го имаат преживеано холокаустот, но тој е роден и одраснал во Ливингстон во изобилство и богатство. Неговиот татко се занимавал со градење и препродавање, но пред десетина години заврши во затвор заради низа престапи и влијание на сведоци.

Во 2006 година Џерад Кушнер стана сопственик на весникот Њујорк обсервер.