Премиерот Зоран Заев во име на неговото семејство, донираше амбулантно возило и друга медицинска опрема за струмичката болница.

,,Ветено, сторено!Денеска е донирано комбето од семејството Заеви за струмичката болница, потег кој е за поздравување.Време е за солидарност, време е за помагање.

Секако со министерот Венко Филипче, со директорот на болницата Наќе Гогов и со премиерот направивме обиколка во новото крило на болницата, кое конечно после 33 години е завршено.Со силни заложби, со сериозни вложувања, значително ја подобруваме состојбата во здравството“-објави на социјалните мрежи пратеникот од овој град, Коста Костадинов..