Семејството на трагично починатата Емилија Динева од Стар Дојран порача дека и други треба да го следат нивниот пример

45 годишната Емилија Динева пред неколку дена настрада во тешка сообраќајна несреќа по пад од мотор. Таа настрада по кобниот удар со главата во чешмата во дворот од семејната куќа, раскажуваат за ако.мк соседи на ова семејство од Стар Дојран. Целиот несреќен настан се случил пред нејзиното семејство.

Во тие тешки моменти, кога веќе било јасно дека нема надеж за Емилија, нејзиното семејство донело храбра и тешка одлука, да ги донираат нејзините органи за да се спасат други животи.

Сѐ се одвивало брзо и молскавично. Беше направена експлантација на органите и во текот на ноќта срцето вградено во друг човечки организам. Успешно. Во меѓувреме, двата бубрега на Емилија се вградуваат кај двајца долгогодишни пациенти кои живеат исклучиво со секојдневна дијализа.

Семејството на Емилија Динева е храбро, но и скршено од болка.

За порталот читај.мк, додека сѐ уште се немаа збогувано засекогаш со најмилата, кусо изјавија дека и други треба да го следат нивниот пример.

Во најтешки мигови тие се одлучиле дека е најдобро да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

Срцето на Емилија од денеска чука во градите на 54 годишен пациент.

АКО.мк