Сергеј Горпишин: „Кога Дисингер ќе ви каже дека подобро му е во Вардар отколку во Кил, тогаш јасно е“

Најновото засилување за европскиот машки ракометен шампион Вардар, Сергеј Горпишин за рускиот „Брз Центар“ даде интервју по повод трансферот во „црвено-црниот“ тим.

„Немав многу време да го видам градот, само салата и хотелот. Слушнав од сите момци дека Скопје е мноу убав град. Сите ми кажаа дека се е добро навивачите, раководството, атмосферата.Кога Дисингер ќе ви каже дека подобро му е во Вардар отколку во Кил, тогаш јасно е. Имам само 21 година, и мислам дека подобар клуб од Вардар не можев да најдам. Не размислував два пати“, вели Горпишин.

Кога ситуацијата со Вардар се чинеше дека нема да има среќен крај, на Горпишин му бил раскинат првично потпишаниот договор.

„Секако дека бев загрижен. Ми се јавија и ми ја соопштија таа одлука, па почнав да разгледувам други опции. Една седмица подоцна пак ми се јавија и ми рекоа да почекам уште некое време и да не брзам со нов клуб. Потоа добив уште еден повик и ми кажаа дека ситуацијата ќе се среди. Се распрашав кај многумина и добив уверување дека се ќе биде во ред, па заборавив на претходната ситуација. Му верувам на Кокшаров и на сите останати во клубот, Вардар е голем клуб“, продолжува Горпишин.

„Има многу Руси во тимот, тука е Дисингер со кој ќе зборуваме на германски. Зборувам одлично и англиски јазик, па можам да комуницирам со сите. Ќе пробам наскоро да научам и македонски јазик. Русите ми велат дека ако знаеш руски, брзо ќе научиш и македонски“, вели Горпишин.

Кружниот напаѓач откри дека немал време да дојде во Келн поради клупските обврски со Ерланген, но ги гледал натпреварите на телевизија.

„Не можев да одам во Келн, бидејќи имавме натпревари со Ерланген. Ги гледавме натпреварите заендо со моите соиграчи, па и тие навиваа заедно со мене „Ајде Вардаре“. Пред три години седев дома и гледав ЛШ, а сега ми се остварува сонот и ќе играм за еден од најдобрите клубови во Европа. Еден или два повици може да сменат се во вашиот живот“, заврши Горпишин во своето интервју.