Серија земјотреси ги вознемирија жителите на Битола, Ресен и Струга, епицентарот во Албанија

Најмалку три земјотреси ја погодија околината на Корча во Албанија. Епицентарот на првиот и најсилниот со магнитуда од 5 степени беше на 11 километри од Корча со длабочина од 10 километри.


Во овој реоен регистрирани се уште неколку земјотреси со магнитуда од 4,9, 4,4 и 4,2 степени според Европската макросеизмичка скала.

потресите беа почуствувани и во северо-западниот дел на Македонија, Во Ресен, Битола, Струга и други места.

Во Битола најсилниот потрес се случи во 6, 26 часот со магнитуда од 5 степени по Рихтер и ефект на силно тресење. Вториот потрес со иста јачина, само пократок се случи седум минути подоцна, поточно во 6,33 часот. Потоа следуваше и трет со магнитуда од 4, 1 степени по Рихтер, пренесува порталот Апла.мк.