Бразилецот Дани Алвеш од ПСЖ, е единствениот играч кој играл на сите позиции кај ПСЖ па дури и бранел, овој податок како куриозитет го издвоија медиумите во Франција.

Алвеш има 35 години, на „Паркот на принцовите “ пристигна 2017 година од Јувентус, запиша 52 настапи и постигна пет голови. Куриозитет е тоа што, Алвеш играл на сите позиции кај ПСЖ, негова прирпдна позиција е десен бек, но играл и како стопер, напаѓач а минатата година застана и на голот !

Тоа се случи во финалето на Купот на Франција против Сошо откако Кевин Трап доби црвен картон. Алавеш бранеше неколку минити на тој натпревар и не прими гол а ПСЖ победи со 4-1.

Интересно е тоа што, Алвеш има освоено 38 трофеи во кариерата и тој е најтрофејниот активен играч на светот во моментов. Во кариерата има настапувано и за Јувентус, Барселона, Севиља и Бахиа.