Сестра Тања и ренџерката Ива најсреќни при кршење на лепчињата во Ургентен клинички центар

Министерот за здравство, Веенко Филипче го помина Бадник во Ургентен клинички центар.

,,Топлината на Бадник и на Ургентен клинички центар. Во духот на традицијата, годинава под посебни мерки и протоколи со моите колеги дежурни на Клиниката и припадниците на Армијата кршевме бадниково лепче со паричка. Најсреќни годинава, сестра Тања и војник Ива од специјалната единица Ренџери.

На сите здравствени работници кои ѝ вечерва ќе се грижат за болните, на оние кои се дома, но во мислите со своите пациенти и на сите граѓани, посакувам вечерва домот да ви е исполнет со љубов и спокој. Честит Бадник!“-порача Филипче.