Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вчера ги прими и разговараше со сестрите близначки, Маријана и Росана, по повод 500 години постоење на Куманово.

Во оваа прилика тој им подари Монографија на Куманово.

Роасана, Димитриевски и Маријана

Двете сестри се родени кумановки, а во времето на поранешна Југославија и почетокот на деведесетите години, беа многу популарни пејачки.

Некои хитови, како ,,Признавам не можам без тебе“, и денес се вртат на радио станиците и се препејуваат од други пејачи.

Хитот е првпат интерпретиран на Макафест во 1988 година.

На почетокот на деведесетите Маријана заминува со семејството во Австралија, по што завршува нивната пејачка кариера.