Ракометарите на Вардар ја совладаа Војводина со 26-23 во Нови Сад и се доближија уште повеќе до Ф4 во регионалното натпреварување.

Вардар одигра две различни полувремиња, во првото водеше само два пати и тоа во 20 минута, 10-9 и 21 минута, 11-10, полувремето за „црвено-црните“ заврши со еден гол негатива 14-13.

Во вториот дел многу подобра игра на Вардар резултатски но и вторите 30 минути беа израмнето со пресврти. Вардар започна со 3-0 во првите 4 минути од вториот дел и поведе со 16-14.

Следуваше период на израмнета игра со периоди кога и двете екипи се менуваа во водство, тоа тареше се до 56 минута, кога Вардар потоа поведе со два разлика, 25-23, и на крај успеа да стигне и до победа изразена со 3 гола, конечни 26-23 што е највисока предност остварена на ова гостување.

Чупиќ беше најефикасен кај Вардар со 8 голови, Скубе постигна 7, Криштопанс мечот го заврши со 6 голови зад своето име, Милосављев на голот запиша 11 одбрани. За Вардар ова е 12 победа во СЕХА лигата во која има и 3 порази.