Ракометарите на Вардар загубија од Мешков Брест со 30-32 во Скопје во регионалното натпреварување што е трет пораз во СЕХА конкуренцијата.

Тимур Дибиров и Сташ Скубе беа најефикасни на средбата кај Вардар со 6 голови , Чупиќ постигна пет гола. Кај победничката екипа, најефикасен беше  Ѓорѓиќ со осум гола, Ивиќ учествуваше со шест постигнати голови.

Со оваа победа Мешков Брест останува во игра за Ф4 сезонава, со 33 бода е четврти на табелата, Вардар во моментов е прв со 39 бода.