Со головите на Серафимов и Лазаревски во последните 60 секунди од средбата, Металург ја совлада Стеауа на гости со 26-28.

Натпреварот изобилуваше со многу пресврти и израмнувања, Металург беше посконцентриран во финишот и во последната минута со два гола го сруши тимот на Стеауа.

На голот на Металург дебитираше Дупјачанец кој беше еден од најдобтие во тимот со 13 одбрани , покрај него се истакна и Танкоски со девет голови . Следно за Металург е гостување кај Железничар во Ниш во среда.