Вардар заврши како првопласиран во регуларниот дел на табелата во 8 сезона на СЕХА Газпром лигата и доминацијата на убедливоста на „црвено-црните” се гледа и по изборот на најдобрите седум играчи. Овј избор го направија капитените на сите 10 екипи што беа дел од СЕХА лигата сезонава.

Четворица вардарци се најдоа на тој список: Милосављев, Дибиров, Криштопанс и Карачиќ. Веруваме дека имаше место и за уште некој, но и ова е доволен факт за квалитеот на Вардар што го има и што го покажа на натпреварите.

Ол стар тим за сезона 2018/2019
голман – Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Петар Ѓорѓиќ (Мешков)
среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)
десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)

тренер – Маноло Каденас (Мешков)

МВП – Златко Хорват (ППД загреб)

Дефанзивец – Павел Хорак (Мешков)