Се делат флаери за бојкот на наставата заради наводната двојазичност во училиштата

Повик за бојкот на наставата се дели низ средните училишта во Скопје. Во повикот се повикуваат учениците во 9 часот да излезат во своите школски дворови и да покажат дека се спротиставуваат на воведување на албанскиот јазик како втор задолжителен во наставата.

И не само тоа, вчера директорката на средното училиште ,,Јосип Броз Тито“ им наредила во 15 часот да го напуштат училиштето за да може екипа на порталот Курир да ги снимаат како доказ дека наводно масовно се приклучуваат на протестите што ги организираат новосоздадените граѓански здруженија со вмровска провиниенција, кои треба да бидат пандан на невладиниот сектор прогласен за предавнички од ВМРО ДПМНЕ. Но, порталот а1он објави снимка на која средношколци се спротиставуваат на ваквата злоупотреба:

Се поставува прашање што прави Просветниот инспекторат и зошто не реагира заради злоупотребата на децата во политички цели. Зошто не ги санкционира директорите со чија помош, очигледно, се спроведува овој невиден атак врз младите генерации? И на крајот, зошто родителите молчат и го дозволуваат ова?