Елки, лампиони, светлечки украси.Во Центар се е подготвено за пречекот на Новата 2018 година.

,,Оваа година за украсување не потрошивме ни денар од општинската каса.Благодарност до донаторите, а ние предвидените средства ќе ги пренамениме за ново зеленило и за социјална помош“-информираше градоначалникот Саша Богдановиќ.

Ќе се одржи  хуманитарната забава на Сквер Јадран. Под мотото “Нова година – Нови насмевки“, општина Центар и годинава на 30-ти и 31-ви декември, нуди богата програма за децата, повозрасните и младите.

Во 12 часот, на 30-ти декември предвидена е детска програма, а во 16 часот, “Улица ‘Новогодишни желби бр.2018’“, ќе биде место на потсетување на добро познатото скопско корзо. Од 20 часот започнува музичката програма со ДЈ Гоце Саф, ТХЦФ од Белград и ДЈ Страјк.


Во последниот ден од 2017-та година, во 12 часот на Сквер Јадран ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува забавата со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара, Кристина Арнаудова и Дисконектед.


,,Прославата ќе има хуманитарен карактер. Затоа, ги повикувам сите, во убава атмосфера да си посакаме среќа и радост во новата 2018-та година, но и да ја покажеме својата хуманост, донирајќи за 16-годишно момче кому му треба итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија“-апелира Богдановиќ.

Општина Центар, оваа година нема преку донации на дрва по месните заедници да поддржува големи палења на бадникарски огнови речиси во секое маало. Со ова ќе се придонесе за намалување на проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина.

Предвидените средства и за оваа намена ќе бидат употребени за социјална помош на загрозени семејства и за зеленило.

Речиси сите скопски општини информираа дека годинава нема да даваат бесплатни дрва за бадникарски огнови, Изминатите години се донираа стотици кубици дрва за големи огнови, кои потоа гореа низ целиот град.

АКО.мк