Се заменуваат излозите на продавниците во Старата скопска чаршија

39 дуќани ќе добијат унифициран изглед на своите излози.

Ова е новиот изглед на излозите во Старата скопска чаршија.

Како што може да се види од следната форографија, лево и десно од новата рамка, тие досега беа шаренолики, со различна боја, материјал и изглед.

Во рамките на проектот насочен кон промоција на туризмот во Старата скопска чаршија, покрај другите активности како што се: санација на калдрма, реставрација на продавници, како и дигитална промоција на културното наследство на чаршијата, како важна активност е замената на 39 излози во продавниците во чаршијата.

,,Сите овие активности успешно се спроведуваат паралелно и според проектниот план.
Вреди да се напомене дека проектот е финансиран од ЕУ, управуван од Светска банка, Општина Чаир и Секретаријат за европски прашања во Владата на Република Северна Македонија, а го спроведува Општина Чаир“-се вели во известувањето од општината.