Се затвора казиното Трамп Таџ Махал

Казиното во сопственост на милијардерот и претседателски кандидат Доналд Трамп-Казино Таџ Махал, денеска и официјално ќе биде затворено.

Осмото светско чудо, како што го нарекуваше Трамп своето казино, беше соочено со најдолгиот штрајк на вработените во историјата на американските коцкарници.

Штрајкот започна на 1-ви јули, а синдикатот бараше обновување на здравственото осигурување и олеснување при пензионирање. Овие поволности некогашните сопственици ги укинаа во 2014 година.

Во текот на претседателската кампања запрашан да го коментира ова, Трамп рече дека не може да верува дека не може да се договорат со синдикат.

Без работа ќе останат 3.000 вработени.

Таџ Махал е петтото казино во Атлантик Сити што се затвора, од вкупно 12.