Се зголемуваат шансите за Вук Јеремиќ

По петтиот круг гласање за Генерален секретар на Обединети нации, португалецот Антонио Гутереш се уште води со 12 позитивни гласови. Српскиот кандидат Вук Јеремиќ се пласираше на 2 позиција со 8 позитивни гласови, шест негативни и еден воздржан. Гутереш има 2 негативни и еден неутрален. На трето место од претходниот круг гласање кога беше втор, падна словакот Мирослав Лајчак. Македонскиот кандидат Срѓан Керим сега се наоѓа на осмото место со 6 позитивни, но дури 9 негативни гласови.

Лобирањето на земјите кои имаат свои кандидати за нов Генерален секретар продолжува. Наследникот на Бан Ки-Мун треба да се избере најдоцна до ноември.