Сите палми засадени низ Македонија, без исклучок, се исушија. Палмите, проект на ВМРО ДПМНЕ платени со пари од државниот буџет, не ја преживееја оваа зима. Екстремно ниските температури го направија своето, а не помогнаа ниту ,,облекувањето“, ниту затоплувањето под најлони преку зима, ниту пак туширањето преку лето. Директорот на Македонски шуми не убедуваше дека се направени проценки и е утврдено дека овој вид растенија можат да успеат на ова поднебје. Ги игнорираа и отфрлија    сите стручни укажувања дека палмата е медитеранско растение  нема шанси да преживее на оваа клима.

Најмногу палми беа засадени во Скопје, па потоа во Охрид, Преспа, Прилеп….и сите тие палми сега се исушени.

Оваа авантура на ВМРО ДПМНЕ ќе не чини најмалку еден милион евра, ако се земат предвид сите дополнителни активности преземени за нивно одржување во живот. И се разбира , за очекување е дека и за ова нема никој да одговара.

 

АКО.мк