Нуркачите од Diving Center Akvatek , извадија уште еден ,,значаен“ елемент за комплетирање на купатилото од апартманот составен од фрлени домашни стари елементи од купатила, кујни, дневни соби , од домовите на охриѓани.

Пронајден е МИЈАЛНИКОТ!

,,УМИВАЛНИКОТ
Продолжуваме со доопремување на апартманот…
Умивалникот е лоциран на длабочина од 5 метри, над Мостот на Желбите, изваден и депониран на соодветно место.
With mu friend James Muller from UK
Поздрав…
Никола Паскали “- напиша Паскали на ФБ страницата на нуркачкиот центар Акватек.

Нуркачите од Акватек, изминатите месеци извадија неверојатни докази на некултурата на некои жители на Охрид, кои својот домашен отпад, по реновирањето, го исфрлаат во водите на Охридско Езеро.

Ентузијастите од Акватек досега извлекоа када, стари плочки, ВЦ школка, но и правосмукалка, машина за перење и друго.