Се контролира ли квалитетот на кашичките ,,Јувитана” во Македонија?

Во соседна Србија со денови трае скандалот со детската храна ,,Јувитана,, на производителот Таково кој е во ссостав на ,,Свис Лион”.

Вчера, повторно се пронајдени нови видови кашички за деца Јувитана во кои има недозволено количество пестициди опасни по здравјето на децата.

Претходно, беа повлечени од производство повеќе видови кашички и сокови од серијата со рок на траење до 2017 и 2019 година.

Министерството за здравство на Србија соопшти дека се работи за кашичките од круша, јаболко и круша, банана и јаболко, како и за соковите јаболко, праска, праска и јаболко.

Фабриката за детска храна ,,Таково,, во Инѓија привремено е затворена.  Се истражуваат причините за загаденоста на храната, а најверојатно ќе се забрани продажба на сите видови кашички и сокови Јувитана на пазарот во Србија, се додека не се утврдат причините за недозволената количина пестициди и исправноста на сите произведени пратки последната година.

За квалиетот на последните примероци земени од кашичките добиени се два различни лабараториски наоди. Од одделот за санитарна инспекција во Белград информираат дека по нивната проверка дошло до сомнеж дека резултатите од произведувачот не се реални и валидни, па затоа ќе се прават дополнителни проверки.

 

 

Лекарите предупредуваат да не се користат овие детски производи, затоа што количеството пестициди можат да бидат многу штетни за здравјето на децата.

Министерството за здравство на Србија на својот сајт ги објави спорните производи и ги повика граѓаните веднаш да пријават доколку ги забележат во промет.

Истите детски кашички на Јувитана се продаваат и низ наши продавници, но засега нема никаква реакција од надлежните институции.