Се кратат платите во јавниот сектор, локалните самоуправи…се одложуваат кредитите, запира извршување на присилна наплата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави сет времени мерки, кои ќе бидат спроведени во наредните неколку месеци дури трае вонредната состојба поради епидемијата предизвикана од коронавирусот.

Тој кажа дека во наредните два месеца се кратат платите на јавната администрација,

Владата ќе обезбеди помош за медиумите, спортските работници, уметниците…

• Претседавачи на совет, советници, претседатели и членови на управни одбори ќе работат без надомест! Парите се насочуваат за справување со Корона вирусот!

• Одлагање на кредитите на граѓаните и фирмите погодени од кризата за ТРИ месеци

• Бескаматен кредит за фирмите од нови 6 милиони евра

• Минимална плата која ќе ја исплати државата за секој работник за април и мај, во фирмите погодени од кризата со вирусот COVID-19!

• Се ослободуваат од плаќање на закуп корисниците на социјални станови за следните 3 месеци

• Извршителите стопирани до јуни

• Сите функционери и раководители, судии и обвинители, сите вработени во јавниот сектор одат на минимална плата за месеците април и мај (Оваа мерка не се однесува за медицинскиот персонал, полицијата, армијата у сите оние кои се справуваат со корона вирусот)!

СДСМ ќе предложи, а извесно е дека Владата ќе го прифати сетот мерки за справување со економската криза во време на здравстена епидемија.