Се нормализира сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, критично во источна Македонија

(обновено) Последни информации од АМСМ за состојбата на патиштата по 10 часот:

УКИНАТА ЗАБРАНА: Забраната за сообраќај за сите видови возила за патниот правец Велес- Скопје во 10 часот се укинува. Исто така забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Скопје-Велес во 10 часот се укинува.

УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА: Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен-Охрид преку планинскиот превој Буково се укинува во 09:45 ч.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ИМА НА СЛЕДНИТЕ ПАТНИ ПРАВЦИ :

Oд 08:00 часот сообраќајот на патниот правец Валандово – Стар Дојран и обратно на м.в.Бела Барака, е во прекин во двата правци, поради наноси од снег.

Магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ од 06:00 поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.

На регионален пат Тетово – Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово,Пресека, Ѓавато , Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Во 10:15 часот сообраќајот на патниот правец Велес-Катланово е нормализиран за патнички возила, додека забраната за тешки моторни возила останува.

Претходно, пред 10 часот:

УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА: Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен-Охрид преку планинскиот превој Буково се укинува во 09:45 ч.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ИМА НА СЛЕДНИТЕ ПАТНИ ПРАВЦИ :

Oд 08:00 часот сообраќајот на патниот правец Валандово – Стар Дојран и обратно на м.в.Бела Барака, е во прекин во двата правци, поради наноси од снег.

Магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ од 06:00 поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.

На регионален пат Тетово – Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово,Пресека, Плетвар, Ѓавато , К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан ,Катланово – Велес и обратно.

ИНФОРМАЦИЈА: Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес се одвива отежнато и по една коловозна лента.

АМСМ ги предупредува возачите да внимаваат низ патиштата на државата , бидејќи на многу патни правци е намалена видливоста на сообраќајните знаци каде се изведуваат градежни работи.