Се одбележува светскиот ден на телевизијата

Денеска се одбележува светскиот ден на телевизијата – симбол на комуникација и заедништво на современиот свет.

Генералното собрание на ОН го прогласи 21 ноември за Светски ден на телевизијата со Резолуција од 17 Генерално собрание на ОН, заради фактот што телевизијата стана главен инструмент во информирањето на населението, но и фактор за формирање на јавното мислење и свест.

Идејата на телевизијата е да информира, негува различности, шири култура, но во денешно време и да ве извади од дневната соба бидејќи таа е достапна на мобилните, таблетите и други средства за мобилна комуникација.

Во Македонија прва телевизија е ТВ Скопје, формирана шеесетите години од минатиот век, но со официјален старт за работа во 1964 година.

Во 1960-1962 година Радио Скопје, што се однесува во програмските зафати, оформува екипа и испраќа свои работници на обука во радиотелевизиските центри во Белград и Загреб и интензивно се подготвува за освојување и на тој сегмент од радиодифузијата.

tvmrt_1970_3

На 8 април 1964 година е завршена монтажата и на 5/1 KW ТВ предавател на објектот Црн Врв. Co силниот антенски систем (4х4 антенски панели), кој има засилување од 10 децибели, а тоа значи во сите правци зрачи со по 50 KW, тој ќе биде доминантен во тоа време на овие наши простори. По повод неговото официјално пуштање во работа на 5 јуни 1964 година се одржува свеченост на самиот објект и се врши првиот телевизиски пренос во живо од типот на Социјалистичка Република Македонија. Телевизиските работници остваруваат уште една победа, но Телевизијата е сè уште на прагот на својот почеток. Во текот на летото 1964 година се реализираат директни преноси на спортски, фолклорни и забавно-музички приредби од „Средбата на солидарноста”.

mrt_rai2%d0%b1%d0%b0%d0%b7%d0%b5

14 декември 1964 година се смета за роденден на скопското телевизиско студио. Од импровизираното студио (лимен хангар) во крј има две маси за спикерите и најавувачката, со една камера (и уште една резервна) од подарената англиска репортажна кола, со мобилна врска од колата до предавателот на Црн Врв, во „живо”, започнува редовното емитување сопствена програма од сопствено студио. Во 18:15 часот ТВ весник во траење од 20 минути, потоа цртан филм и детска емисија, образовна емисија, странски јазици, емисија од културата, ЕПП … Така, пет дена во неделата. Создадени се доволен број емисии и репортажи за предвидените термини, а детските куклени и образовните емисии се емитуваат во „живо”. Така, до 20 часот, а потоа вклучување во заедничката програма на Југословенската радиотелевизија.

Историјатот на ТВ Скопје низ годините води до обликување на телевизиското новинарство, кое потоа се преземаше од приватните телевизи, кои денеска го држат приматот во известувањето. За жал, Македонска телевизија, ова име е прифатено 1993 година, е на дното од довербата кај граѓаните, а политичарите презедоа обврска за целосна реформа во медиумскиот простор, вклучувајќи го и приватниот и враќање на основата на информирањето.

Политиката изминатите години целосно го уништи објективното и професионално известување во Македонија, користејќи ги новинарите како продолжена рака во нивната бескрупулозна борба за власт.

 

Е.Л.