Се отстрануваат терасите на кафулињата во Центар кои зафаќаат недозволена јавна површина

Општина Центар ги отстранува терасите на кафулињата и рестораните во центарот на градот кои узурпирале повеќе јавна површина од дозволената и со тоа го попречуваат просторот за пешаци и ја загрозуваат нивната безбедност. Денеска заврши отстранувањето на терасата на „Бастион“, а ние продолжуваме да постапуваме по останатите решенија, објави градоначалникот Саша Богдановиќ.