Се очекува именување на претседател на собраниската комисија за избори и именување

Претставниците на парламентарните политички партии го договорија распоредот на силите во собраниската комисија за избори и именување. ВМРО ДПМНЕ доби 6 места во неа, СДСМ 5, ДУИ и Беса по еден. Попладне треба д се избере претседател на комисијат, а сега е спорно дали тој да биде од СДСМ или од ВМРО ДПМНЕ.

Откако и ова ќе биде договорено, веднаш треба да продолжи и конститутивната седница на Собрание на Рм, на која ќе треба да се избере претседател на Собрание кој ќе го побара мандатот од Иванов, кој се уште неуставно го држи кај себе.