Се очекува маратонска седница на ДИК

Државна изборна комисија денеска во 11 часот закажа седница на која треба да ги разгледа и да одлучи за приговорите за изборни нерегуларности поднесени од СДСМ и од Беса. Двете партии поднесоа вкупно 16 приговори кои се однесуваат на нерегуларности во ИЕ 2 и 6, а очекуваат тие да се прифатат и да има прегласување , по што би можело да дојде во промена на мандатите. Од Беса веќе изјавија дека е можно да добијат еден до два мандта плус, затоа што како што рекоа, разликата во записниците и крајните резултати се очигледни. СДСМ исто така очекува дека може да добие уште еден мандат плус во ИЕ 6 со што би се изедначиле со бројот на мандати со ВМРО ДПМНЕ. Но и Беса очекува доколку дојде до прегласување да земе од мандатите на оваа партија.

Вчера ДИК ја одложи седницата, неофицијално заради безбедносни причини, а официјално заради подготовка на седницата.

ВМРО ДПМНЕ организира членство кое го држи во подготвена состојба да протестира пред ДИК и да изврши притисок. Некои автобуси пристигнаа во Скопје, бидејќи организаторите доцна разбрале дека седницата е одложена.