Се поизвесна новата Влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

Емил Димитриев кој е на премиерското место откако се повлече Никола Груевски,рече дека е логично победник со победник да состави нова Влада. Тој очекува набругу со формирањето владина коалиција да се надмине кризата и да почне реализацијата на проектите кои се во интерес за граѓаните.

– Како и сите граѓани, очекувам да ја надминеме кризата. На никого не му е во прилог тензична состојба во која институциите се во грч, а граѓаните во неизвесност. Очекувам сето тоа да се релаксира со формирањето на новата Влада, бидејќи постојат многу потреби кои треба да бидат реализирани за граѓаните, а кои се дел од програмата со која победивме-изјави  Димитриев одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на градинка во општина Аеродром.

Вчера, Бујар Османи од ДУИ во интервју за Глас на Аемрика на албански јазик го изјави речиси идентичното, дека е принцип победник со победник да состави Влада.

,,Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот – победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен, за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци-изјави Османи.

Рокот за состав на нова Влада истекува во недела, а мандатот го има претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, чија партија освои две пратенички места  повеќе од СДСМ на предвремените парламентарни избори .

Сепак, треба да се види како ќе течат работите во оваа последна недела на преговарање,  ако се има предвид дека Али Ахмети минатата недела имаше средба и со лидерот на СДСМ Зоран Заев и дека најавија продолжување на преговорите.

Исто така, не треба да се заборави дека голем дел од членството, па и раководството на ДУИ се спротиставува на коалицирање со Груевски.

АКО.мк