Се предлага ковид тест за граѓаните од Србија, Црна Гора, Косово и Б и Х при влез во нашата земја

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Северна Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.