Се продава мерцедесот на Тито за 3 милиони евра

Се продава мерцедесот во кој се возеше Јосип Броз Тито со неговата сопруга Јованка, секогаш кога отпоздравуваа на улиците низ Белград или кога пречекуваа важни странски гости.

Аукциската куќа „Том Хартли ЈНР“,  наскоро ќе го даде на аукција со почетна цена од 3 милиони евра.

Инаку, примерокот со сериски број 001854 кој се движи на бензин има  автоматски менувач, а до сега има поминато само  27.378 километара.

 

Познато е дека Тито сакаше автомобили и  во гаражата на федерацијата имаше поголем број со кои тој се возеше или патуваше. Еден од тие е  мерцедес 600 кабриолет, а од вкупно 59 произведени, два беа во сопственост на СФРЈ.

 

Фото:Јованка и Јосип Броз со Николае и Елена Чаушеску, покрај еден од  раритетните мерцедеси

Инаку, управата на Бриони во најголема тајност продаде еден од двата  „мерцедес 600“  на странски купувач-колекционер.

Сега, овој уникатен примерок повторно би требало да го смени сопственикот, откако ќе биде ставен на аукција.

 

“Mercedes-Benz 600 Pullman Laundelet”