Се прославува Божик по Грегоријанскиот календар

Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос.

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов упати честитка по повод големиот христијански празник Божик до сите   граѓани на Македонија со католичка вероисповед.

Божик го празнуваме не само како ден кој го обележува раѓањето на Исус Христос во историјата, туку уште повеќе како ден во кој Исус Христос на таинствен начин се раѓа во нашите души и во нашите срца. Задоволството е посебно, зашто ви се обраќам во годината во која нашата сограѓанка Мајка Тереза е прогласена за светица на Католичката црква. Таа скромна жена од нашето поднебје го предупредува целото човештво, но воедно и го повикува на голема одговорност кон заповедта на ова време. Свесни сме дека живееме криза на вредности и дека во нашиот живот сè е релативизирано и многу тешко се снаоѓаме во шумата од идеи, науки и секаков вид на понуди, се вели во честитката на бискупот Стојанов.
Божик  го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Своја миса на плоштадот во Ватикан ќе има Римокатоличкиот поглавар папата Франциск.

АКО.мк актуелно-објективно