Крадци продолжуваат со безмилосното сечење на шумите и ограбување на националното богатство. Со приватни возила, камиони, коњи се сече и граба секаде и кој ќе стаса.

Од ЈП ,,Македонски шуми“ велат дека продолжува борбата со бесправните сечи.

Во акција на шумочуварската служба на ЈП ,,Национални шуми – ПШС Бабуна“-Велес од ШСЕ Мукос-Јасенова Глава во атарот на село Степанци, запленета и одземена е количина на нелегално посечено огревно дрво.

Селанец едноставно дошол со свое возило и го наполнил со бесправно исечено дрво.

ЈП Национални шуми ги продолжува контролите за сузбивање на ваквите криминални дејствија во шума со засилен интензитет на територијата на целата држава. Сите сторители на ваквите бесправни дејства ќе бидат најстрого казнети, велат од ова јавно претпријатие..