Се самоуби 23 годишниот А.З.-син на поранешниот штипски градоначалник Илчо Захариев

Во викендичка во селото Ѕвегор,делчевско, се самоуби дваесет и тригодишниот А.З.од Штип.

Тој е син на поранешниот градоначалник на Штип,Илчо Захариев.

Утрината во 9.45 минути  случајот бил пријавен во Итната помош во Делчево. Медицинска екипа веднаш се упатила до местото на трагедијата , но можела само да констатира смрт на момчето.По десет минути пристигнале и екипи од други надлежни институции,кои извршиле увид на местото на настанот.

Од Обвинителството потврдија дека е направен увид на местото каде е пронајдено телото. Нема траги на насилство.

23 годишниот А.З веќе две години живеел мирно и повлечено во викендичката во селото Ѕвегор од коде потекнува Захариев, објави ммс.мк.