Се слават најголемите христијански празници Бадник и Божик

Многубројни се обичаите за христијанските празници, па така и за Бадник и Божик. Во Македонија секој град си има свој обичај по кој се карактеризираат, но задржани се и некои основни традиционални обичаи кои сите ги практикуваат.

Бадник се прославува пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божикниот пост, како и ден на голема среќа, бидејќи претходи на денот на Христовото раѓање.

Еве какви се обичаите на Бадник и Божик. Бадник – името го добил по гранката на дабот- бадник која се сече на тој ден, внесува во куќа и се пали. Но, според историски записи, изворфното потекло на овој збор е воминатото кога сите членови на семејството цела ноќ пред Божик останувале будни да го дочекаат Христовото раѓање, па отаму Бадник, всушност било-будник.

Постојат разни обичаи кои се поврзани со овој ден, а малку од нив се одржале до ден денешен. Денес, обичаите се адаптирани на времето во кое живееме, па гранка бадник најчесто се купува на пазар навечер или утрото на Божиќ, се внесува дома и се остава покрај или блиску до иконата, некои ја ставаат и навлезната врата. Трпезата на Бадник е задолжително посна и најчесто се подготвува риба, подварок и грав или толчен грав со зелка или компир салата. Средината на масата ,традиционално се украсува со плетена корпа полна со житарки и суво овошје. Домашните можат да се засладат со свежо и суво овошје: круши,јаболка,портокали,суви сливи, урми, смокви, суво грозје,бадем,лешници,ореви… И секако, се крши бадниковото лепче, во кое има паричка. Тој што ќе ја најде, се верува дека ќе има бериќетна и богата година.

Обичајот на сечење бадникови гранчиња се поврзува со витлеемските овчари. Тие, на знак на Звездата дека се родил Исус Спасителот, исекле бадникови гранчиња и ги однеле во пештерата да запалат оган и да ги загреат Христос и неговата мајка.

Бадникова вечер:- Се пали свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, кажуваат молитва по што се пристапува на посната вечера и се ужива во семејниот мир. Се веврува дека е добро на овој ден или вечер да се врати  се што е од некого позајмено и секако  да се смирите со сите со кои сте во лоши односи, за да може  целата следна година да ви помине во мир и слога.

Божик е највеселиот православен празник со кој се прославува раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божикното утро почнува така што од рани зори бијат камбаните на сите прваославни цркви и храмови, луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите „ Христос се роди“ и „Ваистина е роди“,.

Обичај е првата личност која ќе ни влезе во куќа за Божик да е пријател кој треба на домашните да им донесе здравје, среќа, благосостојба и мир. Симболично, гостинот ги претставува тројцата мудреци кои ја следеле ѕвездата од Исток и кои на раѓањето Христос го дарувале со темјан, злато и мириси. По тој повод, постојат низа ритуали кои гостинот ги извршува за да го осигура сето погоре кажано: ја отвора вратата од печката или шпоретот, го разгорува оганот „Колку искри толку среќички, колку искрички толку парички„, повикувајќи ја на тој начин благосостојбата за домот во кој дошол. По извршените ритуали домаќинката го наградува со пригоден подарок. Обичај е  на Божик да  не се оди никаде на гости, бидејќи следните два дена се наменети токму за тоа, со семејството овој најсреќен православен празник да го помине во топла семејна атмосфера. На Божик се сервира богат семеен ручек, секој става колку може и што има, а со тоа и завршуваат големите божикни пости.

Ова се секако само дел од обичаите кои се забележани низ историјата, но во денешно време тие се прилагодени на можностите и желбите на семејствата и домаќините.

Билјана Н. Тошевски