Се слави Божик по Јулијанскиот календар

Христијанството како религија со големи прослави, црковни литургии, традиционални обичаи го славата Христовото раѓање Божик. Но, има разлика во периодот кога се одбележува овој црковен празник, кој во некои земји е ид ржавен празник, а деновите се прогласуваат за неработни.

Имено, црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, Божик го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божик на 7 јануари.

Земјите во кои Божик се слави на 7 јануари, а воедно е и државен празник се: Македонија, Црна Гора, Србија, Белорусија, Египет, Етиопија, Грузија, Казахстан, Молдавија, Русија и Украина. Ерменија овој празник го слави еден ден порано на 6 јануари, а тој се прославува на овој ден и во Австралија, Канада, САД и Велика Британија.

Божик е денот кога христијаните го слават раѓањето на Исус Христос, иако неговиот датум на раѓање не е сосема познат и нема информации за неговото детство, но црквата го негува митот за него кој е запишан и во Библијата, но се пренесува и со векови меѓу народот. Многу христијани го прославуваат роденденот на Исус на 25 декември, но има и такви кои ја почитуваат старата традиција и овој ден го слават на 7 јануари. Кога Англија и Шкотска во 1752 година се префрлиле на Грегоријанскиот календар (а подоцна и поголемиот дел од христијанскиот свет), останала разлика од 11 дена поради несогласувањето со Јулијанскиот календар. Повеќет луѓе, особено во руралните средини не прифаќатиле промена, па одлучиле да го користат јулијанското сметање на времето.

Јулијанскиот календар е ревидиран во 1923 година, а новата верзија е подобро усогласена со Грегоријанскиот календар. Неколку православни цркви го следат ревидираниот Јулијански календар, но повеќето се придржуваат до традиционалниот календар.

Денеска, славењето на раѓањето Христово започнува со литургии низ црковните храмови, а попладне целото семејство се собира на божикен ручек, кој практично претставува мрсна софра, со што престанува пиовеќедневниот пост.

Христос се роди, ваистина се роди!