Се случи чудо:ВМРО ДПМНЕ почна да оди на дебати (видео)

И тоа се случи. ВМРО ДПМНЕ почна да оди на дебати. И тоа со еден од клучните играчи, којшто во изминатите години владеење на партијата како Директор на Центарот за комуникации на партијата-(сега веќе поранешен), воспостави практика на целосно игнонирање на медиуми кои не беа под нивна контрола. Илија Димовски се појави на дебата во Тв 21, додуша со политички аналитичари, формат кој не е рамноправен и соодветен, но се појави.

Тој не случајно дојде токму во Тв21, која, како што знаеме, е двојазична телевизија, емитува програма на албански и на македонски јазик, и призна дека не успеале да воспостават комуникација со гласачите Албанци:

Очигледен е обидот на ВМРО ДПМНЕ да го ублажи впечатокот на непријателски настроена партија кон Албанците, што го изгради претставувајќи се пред своето членство како најпатриотска и непоспустлива пред барањата за двојазичност.

Но, од друга страна, ВМРО ДПМНЕ нема никаков проблем во комуникацијата со ДУИ и тој недвосмислено призна дека и натаму имаат контакти со раководството и дека не се откажуваат од формирање Влада:

11-та година како ВМРО ДПМНЕ е на власт во Република Македонија. За тоа време партијата направи непремостлив јаз со дел од медиумите кои ги сметаат за свои непријатели и кои не беа по нивен ќеиф. Лидерот на партијата Никола Груевски ниту еднаш нема прифатено интервју во медиум каде може да му бидат поставени прашања кои не ги очекува и ниту еднаш нема прифатено дуел или дебата, па макар тоа било и во изборна кампања. Исто така, ретки се примерите кога функционер на ВМРО ДПМНЕ прифатил разговор, а уште помалку учество во дебата на некој медиум кој не е под нивна контрола.

Штетата што ја направи ВМРО ДПМНЕ со селективниот однос кон медиумите е огромна и далекусежна. Но, најстрашно од се е тоа што направија армија послушници во новинарската фела, некои дебело платени заради тоа на разни индиректни начини и што ги убија професионализмот и слободата на говор!

Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството, зарем не?

 

АКО.мк