Се сретнаа двете Први дами на САД

На американските медиуми и интернет портали осамна првата заедничка официјално фотографија на двете Први дами во Белата куќа, идната Меланија Трамп и се уште актуелната Мишел Обама.

Според информациите, тие разговарале седејќи на чај во една од просториите на Белата куќа, додека нивните сопрузи сегашниот и идниот претседател на САД имале 90 минутна средба во Овалната соба.

Примопредавањето на должноста Прва дама на САД исто така е традиција која се одржува во Белата куќа при секоја смена на претседателската гарнитура.