Се стабилизира состојбата во Стајковци

Состојбата на терен, во Стајковци и околината, по обилните врнежи од дожд е стабилизирана.  За тоа придонесе и намалувањето на обемот на врнежи, но и делумно санираната состојба по големите поплави од август годинава.

Утрината жители на селото алармираа дека постои опасност од нови поплави. Водата беше надојдена во некои дворови, но во меѓувреме земјата ја апсорбираше, а низ улиците атмосферската канализација ги прими без поголеми проблеми зголемените количини дожд.