Се трага по возач кој прегазил 33-годишен жител на село Аџиматово

 

На 05.03.2018 година, околу 18,00 часот, на регионалниот пат Велес-Градско, непознато лице управувајќи патничко моторно возило непозната марка удрило во пешакот Д.В.(33) од село Аџиматово, велешко, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.

Од ОЈО соопштуваат дека вчера, околу 18 часот пронајдено е починато машко лице на средина на коловозот на регионалниот пат Велес – Градско. По идентификацијата е утврдено дека починатото лице е Д.В. , триесет и тригодишен жител на с. Аџиматово, општина Лозово.

Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место при што се пронајдени траги кои се дадени на натамошно вештачење. Надлежен јавен обвинител издаде и наредба за вршење на обдукција на телото на починатиот.

Фото: Архива