Италијанската агенција АНСА известува за многу загинати во снежната лавина што затрупа хотел во Италија. Снежната лавина со голема сила се урна врз хотелот Риџопиано во Пескара. Се верува дека 30 луѓе престојувале во хотелот , а досега успеале да се спасат само двајца, кои сами излегле од под урнатините.

Големата лавина се случи само неколку часа по серијата силни земјотреси во повеќе делови во Италија.

Хеликоптери и спасувачки екипи на санки се тргнати кон хотелот, кој заради гиолемиот снег е непристапен.