Се урна авион со припадници на ФРОНТЕКС

Најмалку пет лица загинаа кога веднаш по полетувањето од аеродромот во Малта , се урна авион.

Се претпоставува дека во него се наоѓале припадници на граничната агенција на Европска Унија – ФРОНТЕКС.

Нема се уште официјална потврда за ова, но вработени на аеродромот и патници сведочат за настанот.

Авионот со два пропелара, чиј капацитет е десет патници, тргнал кон либијскиот град Мисурата, пренесува РОЈТЕРС.

Спасителите трагаат по загинатите, а се уште не е позната нивната националност.