Се урна индонезиски авион со 189 патници веднаш по полетувањето(видео)

 

Само неколку минути по полетувањето, утрината се урна индонезиски авион на компанијата ,,Лајон Ер“ и падна во морето.

Во авионот имало 189 патници , меѓу кои и членови на екипажот.

Индонезинската компанија соопшти дека авионот бил сосема нов и се упатил кон Пангкал Пинанг, на остров кај Суматра, пренесува АП.

Агенцијата за катастрофи на  Индонезија, објави фотографии на расфрлени уништени мобилни телефони, искинати книги, багаж и делови на авионот како пливаат на површината од морето.

Бродови со спасувачи се наоѓаат на местото на трагедијата.

Околу 300 луѓе, војници, поицајци и локални рибари се вклучени во трагањето, но досега не е пронајдено ниту едно тело.

Паднатиот авион е од марката ,,Боинг 737 8“, испорачан за компанијата ,,Лајон Ер во средината на август, оваа година.

,,Лајон Ер“ е една од најголемите, но и најнови авиокомпании во Индонезија.