Се урна руски воен авион во Сибир, преживеани сите патници

Рускиот воен авион “Иљушин Ил-18” се урна во Сибир во обид принудно да слета, но за среќа сите 39 патници преживееа. Тројца од војниците се во тешка здравствена состојба, а останатите се префрлени на натамошно набљудување и лекување.

Авионот во кој биле 7 членови на екипажот и 32 патници, полетал од Канск и морал да слета принудно во близина на аеродромот во Тискиј.